8 октомври - Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјалната цифра на загинати е 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.
30 ноември - Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.