Poll without page-refresh
1994 (MCMXCIV) е непрестапна година што започнала во сабота и е прогласена за „Меѓународна година на фамилијата “ и „Меѓународна година на спортот и олимпискиот идеал“.
Настани
1 јануари – Стапува на сила Северно-американскиот договор за слободна трговија .
1 јануари – Запатистичката армија за национално ослободување ја започнува својата војна во Чијапас , Мексико .
5 февруари – Врз сараевскиот пазар Маркале е испалена граната при што загинаа 68 лица.
12 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Лилехамер , Норвешка .
16 февруари - Грција воведува целосна економска блокада врз Република Македонија .
28 февруари - Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските Срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за прв пат директно се вмешаа во Босанскиот конфликт .
6 март – На референдум во Молдавија гласачите го отфрлија евентуалното обединување со Романија .
15 март – Американските трупи се повлекоа од Сомалија .
18 март – Во Вашингтон е потпишан договор за воспоставување муслиманско-хрватска федерација во Босна и Херцеговина .
21 март - Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост .
6 април – Руандскиот претседател Жувенал Хабјаримана и бурундскиот претседател Сиприен Нтарјамира загинуваат по соборувањето на нивниот авион близу Кигали , Руанда . Овој напад го поттикна Руандскиот геноцид .
16 април – Гласачите во Финска на референдум го поддржаа зачленувањето на Финска во Европската Унија .
27 април – Во Јужноафриканската Република се одржаа првите повеќерасни избори.
1 мај - Во трката за Големата награда на Сан Марино , загина Аиртон Сена , еден од најголемите автомобилисти на сите времиња.
10 мај – Нелсон Мандела е инаугуриран како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република .
12 мај - Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах .
17 мај - Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори.
15 јуни – Израел и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи.
25 јули – Израел и Јордан го потпишуваат Израелско-јорданскиот мировен договор со кој формално завршува воената состојба помеѓу двете држави од 1948 година.
17 јули - Бразил ја победи Италија 3:2 на пенали на Светското првенство во фудбал по 0:0 завршено регуларно време.
16 октомври - Се одржува првиот круг на Претседателските и Парламентарните избори во Република Македонија . Киро Глигоров е повторно избран за Претседател на Република Македонија , со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите.
20 октомври - Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски , му ги предаде акредитивите на претседателот Борис Елцин .
30 октомври - Се одржува вториот круг на Парламентарните избори во Република Македонија . Коалицијата Сојуз за Македонија , предводена од СДСМ , оствари уверлива победа. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
13 ноември - Гласачите во Шведска на референдум го поддржаа зачленувањето на Шведска во Европската Унија .
15 ноември - Објавени официјалните резултати од пописот , кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
28 ноември - Гласачите во Норвешка на референдум го отфрлаат зачленувањето на нивната земја во Европската Унија .
11 декември – Руските трупи навлегуваат во Чеченија со што започнува Првата чеченска војна .
Родени
Починале
Видете исто :