Француската Република или Франција (француски: République française или France) е земја чија територија се наоѓа во Западна Европа и која понатаму е сочинета од збир прекуморски острови и територии лоцирани на други континенти.
Франција е демократија организирана како унитарна полупретседателска република. Таа е развиена нација чија модерна економија е четврта по големина во светот (2006). Нејзините главни вредности се изразени во Декларацијата за Правата на Човекот и Граѓанинот.
Франција е еден од основачите на Европската Унија, како и најголема земја членка во однос на површина. Франција исто така е и еден од основачите на НАТО и ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН. Таа е една од само седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.