|
Тероар (француски: Terroir, поднебје) е француски израз кој некогаш се користи при оценка на вино и кафе, за означување на специфичните географски карактеристики кои обдариле со индивидуалност еден производ. Овој смисол за месност е отелотворен во извесни карактеристики, и збирот на влијанијата на локалната животна средина врз одгледувањето на растението и изработката на продуктот. Веб-сајтот „Terroir-France“ вели дека „тероар е група лозја (или дури и лозници) од еден ист регион под заедничко име, кои растат на ист тип почва, временски прилики, исти методи на одгледување на грозјето и правење вино, кои допринесуваат кон специфичните карактеристики на виното.“ Некои стручњаци додаваат и историја, традиција, сопствеништво на лозјето и други фактори. Денешното значење на изразот е пошироко од само географско, но тука почнуваат несогласувањата. Некои велат дека тероарот нема никаква врска со сортата на лозата, гроздоберот и методите на производство (винарство и др.), и е продукт на низа локални влијанија кои се пренесуваат врз карактерот на производот. Исто така се поставува прашањето дали тероарот е измерлив, и улогата која тој ја игра во производството на „добро“ вино - сето тоа е тема на расправа. Работата уште повеќе се усложнува со тоа што некои енофили го користат терминот тероар за вина кои се карактеристични и уникатни за нивното географско потекло. Во овој случај, тероар не се однесува на земјата, туку на виното. ЕлементиКомпоненти на еден тероар се:
Видете исто такаИзвори
|
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.
Mercedes Car
This site monitored by SitePinger.net