|
Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР, Советски Сојуз) (руски: Союз Советских Социалистических Республик) е поранешна светска велесила со главен град Москва.
Републики на Советскиот Сојуз
- Главна статија: Републики на Советскиот Сојуз
Советскиот сојуз во својата конечна фаза се состоел од 15 републики. Претходно имало многу други привремени Републики. Ова се конечните 15. СССР бил креиран и проширен како сојуз на Советски републики формирани во територијата на Руската Империја, која исчезна во Руската Револуција од 1917, проследена од Руската Цивилна војна од 1918-1920. Географските граници на СССР варирале од време на време, но од 1945 па сè до распадот, териториите на СССР кореспондираат со оние на доцната империјална Русија, со забележлив исклучок во Финска и Полска.

Questions for article: Сојуз на Советските Социјалистички Републики
|