Народна Република Кина

del.icio.us del.icio.us
Digg Digg
Furl Furl
Reddit Reddit
Rojo Rojo
Add to OnlyWire
За Кинеската цивилизација, видете Кина (појаснување).
НРК пренасочува тука. За други значења видете НРК (појаснување).
Не треба да се поистоветува со Република Кина (Тајван).
中华人民共和国
(Упростени кинески знаци)
中華人民共和國
(Традиционални кинески знаци)
Жōнгуá Рéнми́н Гòнгхéгуó
Народна Република Кина
Знаме на Народна Република Кина Национален Амблем на Народна Република Кина
ХимнаМарш на Доброволците
(义勇军进行曲)
Локација на Народна Република Кина
Главен град Пекинг
39°55′N, 116°23′E
Најголем град Шангај
Официјални јазици Мандарински1
Демоним Кинез
Облик на управување Социјална
Република² (Марксистичка-Ленинистичка) (Маоистичка)
 -  Претседател Ху Џинтао
 -  Премиер Вен Џиабао
Основање
 -  Народна Република основана
1 октомври 1949 
Површина
 -  Вкупно 9.598.086 km² или 9.640.821
km²4(3та/4та – оспорено³)
3.704.427 mi² 
 -  Вода (%) 2,8³
Население
 -  2007 проценка 1.321.851.888³ (1ва)
 -  2000 попис 1.242.612.226 
 -  Густина 140/km² (53та)
363/mi²
БДП (ПКМ) 2006 проценка
 -  Вкупен $10,21 трилиони (2ра)
 -  На жител $8.788 (82ра)
БДП (номинален) 2007 проценка
 -  Вкупен $3,42 трилиони5 (4та)
 -  На жител $2.800 (101ва)
Џини (2002) 44 (
ИЧР (2007) 0,777 () (81ва)
Валута Јуан, Хонгконшки долар, Макајска патака (CNY, HKD, MOP,)
Часова зона (UTC+8)
 -  Лето (ЛСВ) не се набљудува (UTC+8)
Интернет домен .cn, .hk, .mo
Повикувачки број +86³
1 Општи информации за Народна Република Кина, ChinaToday. Преземено 21 февруари 2007. Покрај мандаринскиот, кантонскиот е коофицијален и во Хонг Конг и во Макао. Англискиот е коофицијален во Хонг Конг (САР); соодветно, португалскиот во Макау (САР). Слично, неколку малцински јазици се исто така коофицијални кинескиот (мандарински) во малцинските области; џуанг во Гуанси, ујгурски во Синѕјан, монголски со класична азбука во Внатрешна Монголија, тибетски во Тибет, и корејски во Јанбиан, Ѕилин.
2 Улогата на владата, Кина, Енциклопедија Британика. Преземено на 21/02/2007.
3 Информации само за копнениот дел на Кина. Специјалните Административни Региони на НРК: Хонг Конг и Макао не се вклучени. Покрај нив, и островските територии под контрола на Република Кина, во кои спаѓаат островите Тајван, Кинмен и Мацу исто така не се вклучени.
4 9.598.086 km² Не ги вклучува сите оспорени територии.
9.640.821 km² Ги вклучува териториите под администрација на НРК (Аксаи Чин и Транс-Каракорумскиот Тракт, и двете територии присвоени од Индија), Тајван не е вклучен.
5 [1] Веб-место на China Daily


Народна Република Кина (НР Кина) го опфаќа најголемиот дел од културниот, историскиот и географскиот простор, познат под името Кина. Од своето формирање во 1949 година, таа е водена од Комунистичката партија на Кина. Кина е најнаселена држава во целиот свет со повеќе од 1.250.000.000 жители, од кои повеќето припаѓаат на групата Хан. Таа е најголема земја на подрачјето на Источна Азија, и четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји: Авганистан, Бутан, Мјанмар, Индија, Казахстан, Киргизстан, Лаос, Монголија, Непал, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Таџикистан и Виетнам. Народна Република Кина го смета островот Тајван за дел од својата територија, меѓутоа тој фактички не е под нејзин суверенитет.

Содржина

Релјеф

Кина по градбата и постанокот се состои од три големи подрачја: стари грамадни планини на исток, палеозојски планини на северозапад и млади верижни планини на југозапад. Врз релјефот на Кина големо влијание имало понирањето на Индиската литосферна плоча под Евроазиската, пришто дошло формирањето на Тибетската низина и настанувањето на Хималаите. Тибет со просечна висина од 4000м е највисоката висорамнина во светот. Тибет на југ е опкружен од Хималаите а на север доаѓа Кунлун. Тибетската висорамнина на југоисток постепено се спушта преку рамнината Јунан Гизу. Во низинските подрачја најголема е Источнокинеската Низина во Манџурија, Големата Низина во долниот тек на Хоанг Хо и рамнината во средниот и долниот тек на реката Јангценгјанг. А низините меѓу себе се одвоени со ниски шуми. Од големите планински делви кој се под вечен снег се спуштаат големи ледници. Копното е воглавно ниско а морето до копното е плитко(200м). На Кина и припаѓаат 5400 острови.

Клима

Освен географската положба и релјефот на климата на Азија големо влијание имаат и монсунските ветрови. Во долините на големите реки се осеќаат влијанијата од од океанот длабоко во внатрешноста на копното, се до Монголија. Поради тоа југоисточниот дел на Кина има суптропска клима (1600 до 2000мм врнежи). А северниот дел на Кина има ладна и сува континентална клима. Тука врнежите не достигнуваат 1000мм. Во северниот дел на Кина сушите се многу чести. Највеќе врнежи има во јужните краеви на Тибет поради летните монсуни. Во западниот континентален дел на Кина зимите на високите планини се долги и многу ладни, а летата се кратки и студени.Во југоисточното приморје на Кина тајфуните често прават пустоши.

Води

Големата речна мрежа на Кина ја сочинуваат реките Јанг ЦегЈанг (која е трета река по должина во светот), Хоанг Хо-Жолта река, Ксијанг, Соанг Хо, Јианга и Амур. Во северниот дел на Кина речната мрежа е добро развиена но во зима реките замрзнуваат. Во јужна Кина, главна река е Сикјанг која со разгранета делта се влева во Јужнокинеското море. Пловни се реките во јужниот и во средниот дел на Кина. Постојат и пловни канали, од кој најпознат е Големиот Канал, долг 1800км и служи за наводнување. Со каналите се овозможува наводнување на 49,8 милиони ha од земјоделските подрачја во Кина. Најголем број езера има во внатрешниот дел на Кина.

Пекинг

Пекинг (Кинески Beijing,што значи “Северна Престолнина”) е главниот град на Кина. Со своите 14,5000000 жители е најголемиот кинески град после Шангај. Пекинг е голем сообраќаен центар со многу патишта, автопатишта и пруги кој поминуваат низ него. Пекинг е исто така политички, економски и образовен центар на Кина, додека Шангај и Хонг Конг се поголеми економски центри од него.

Историја на Пекинг

Уште од 723 година п.н.е на местото на денешен Пекинг постоеле многу градови со различни имиња. Под денешното име градот бил престолнина на Кина од 1421 до 1911 година. За време на династијата Минг, Пекинг го добил денешниот изглед-бил изграден “Забранетиот град”(каде што се наоѓала царската плата), Тјананмен (“Портата на небесниот мир”), додека градските ѕидини од тој период постоеле се до средината на 20 век. Градот често ги менувал владетелите во тек на граѓанските војни, за време на револуцијата и формирањето на Република Кина во 1911 година. Во 1928 Пекинг го променил името во Беипинг. Во текот на кинеско-јапонската војна,бил под јапонска власт. А, од 1949 година станува престолнина на ново создадената Народна Република Кина.

Административна поделба

Видете: Административна поделба на Кина

Видете исто така

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.


Giant Panda

Mercedes Car
James Bond Guide
This site monitored by SitePinger.net