|
Article on other languages:
|
Јапонија (日本, Нипон/Нихон, буквално „потекло на сонцето“ или послободно „Земја на Утринското Сонце“) е островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот Океан. Јапонија има население од 127 333 002 жители. Главен град на Јапонија е Токио. РегиониТериторијата на Јапонија е поделена на региони. Јапонија се состои од четири главни острови и голем број на помали острови. Најголемите и главни острови се, од север кон југ, Хокаидо (北海道), Хоншу (本州, најголемиот остров), Шикоку (四国), и Кјушу (九州). Исто така Јапонија се состои од 6 800 острови со брег од 100 метри или повеќе. Хоншу, убедливо најголемиот и најнаселениот остров во Јапонија, е поделен на пет региони. Другите острови не се поделени на подрегиони, па така секој претставува еден регион. Од север кон југ тие се:
Често, поради својата големина, Окинава се брои заедно со Кјушу како Кјушу/Окинава регион. Географија на ЈапонијаЈапонија, земја на острови, се протега по источниот брег на Азија. Главните острови (Хокаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу) некогаш се нарекуваат и домашни острови. Наха, на островот Окинава, во Рјукју архипелагот, се наоѓа 600 km на југозапад од Кјушу. Во поголемиот дел од островите во Јапонија спаѓаат 3,000 помали острови од архипелагот.
Јапонија е 16та најгусто населена земја во светот. Но, со оглед на тоа што 73% од земјата е планинска, со ланец планини кој се протега низ секој остров рамното земјиште е ограничено. Распоредот на населението е определен според верувањето дека планините се наменети за боговите, па така има мал агрикултурен и архитектонски развиток во планините низ Јапонија. Друга причина за недостатокот на развој во јапонските планини се земјотресите кои константно предизвикуваат лизгање на земјиштето на јапонските ридови. Јапонија е ситуирана во вуланска заона на пацифичкиот огнен прстен. Фреквентни слаби потреси и повремени вулкански ерупции се чувствуваат низ островите. Деструктивни земјотреси, кои често резултираат во цунами, се случуваат повеќе пати во текот на еден век. Најскорешните земјотреси се оној од 2004 во Чуецу, и големиот зејотрес во Ханшин од 1995. Редовна појава во Јапонија се геотермалните извори (онсен), кои се максимално искористени како престојувалишта.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.
Mercedes Car
This site monitored by SitePinger.net